Вонредни вести: Kомората за енергетика бара одземање на лиценцата на ЕВН поради умислена кражба на народот?

2,556

Услугата за пренос на струја им е речиси двојно повисока од потрошената електрична енергија, се жалат граѓани деновиве, откако ги добија новите сметки од ЕВН, објави ТВ24.

Жител на Велес добил фактура во која за струја треба да плати 1500 денари, а за нејзиниот пренос и дистрибуција, дури 2200. На друг пак за истата потрошена струја, ЕВН му фактурирала 1500 денари.

Ова доаѓа по јулското поскапување на струјата, а новина е и начинот на тарифирање во блокови, но и издвоената ставка за пренос и дистрибуција.

Од ЕВН велат дека ова и порано се плаќало, но било вкалкулирано во цената на струјата. Објаснуваат дека разликата во сумите кај преносот се должи на потрошувачката во евтина и скапа тарифа.

„Помал износ за потрошена електрична енергија во однос на износот пренос и дистрибуција на електрична енергија може да се добие во зависност од потрошувачките навики на домаќинството.

Пример, дали корисникот многу повеќе троши во ниска тарифа во однос на високата или пак во висока тарифа троши помалку во рамки на пониските блокови.“

На ова реагираат од Стопанската комората за енергетика. Обвинуваат дека ЕВН со овој трошок прави огромни профити и бараат од државата да си го врати преносот и дистрибуцијата на струјата во своја надлежност.

Крадењето на струја е една од причините за воведување на високи трошоци кон граѓаните, тврдат членовите на комората за енергетика.

Дел од нив сведочат дека струја се краде многу повеќе од она што се знае во јавноста, но велат дека ЕВН тоа го толерира, оти на крајот граѓаните го плаќаат.

Од комората велат дека надлежните од ЕВН постојано ги одбиваат иницијативите за средба. Обвинуваат дека универзалниот снабдувач е оној кој го кочи пуштањето на фотоволтаичните централи. Затоа, членовите на ова тело ќе иницираат протести, во кои, покрај граѓаните, ќе се вклучат и другите стопански гранки.

Извор: ТВ24

Прилогот можете да го погледнете ТУКА

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа