БРУТАЛНАТА ПОРАКА НА ЛАВРОВ ВНЕСЕ СТРАВ ДО КОСКА НА ЗАПАДОТ: „Сè беше пречкртано преку ноќ, подгответе се!“
-Чекор по чекор, зголемувајќи го незаконскиот притисок врз нас и другите земји, подготвувајќи го осмиот пакет санкции против нас, Западот ги поткопува сите основи на светскиот поредок што почиваше на принципите на глобализацијата што ги промовира самиот Запад. Отворен пазар, слободно претприемништво, фер конкуренција, пресумпција на невиност – сето тоа беше пречкртано преку ноќ. Ќе одговориме остро, но не на наша штета – рече Лавров говорејќи на едукативниот маратон „Знаење“.
Како што истакна, во Европа веќе се слушаат гласови на разум за подготвеноста да се сретне со Русија, но не може да се исклучат нови каприци.
– Кога се воведуваат незаконски санкции, ние дејствуваме во неколку насоки. Прво, ние одговараме реципрочно, но не и непромислено, како што во повеќето случаи прават нашите западни колеги, кога санкциите што ги воведуваат против нас им штетат многу повеќе од нас. Тоа го правиме за да не си пукаме во нога, да не си наштетиме – објасни шефот на руската дипломатија.