Хајредини: Ништо од ветувањата не исполнија, полошо е од што беше – што поскоро техничка влада и предвремени избори

104

Поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини смета дека пржинската спогодба и техничката влада не донела ништо добро. Но и покрај тоа, потенцира Хајредини, техничка влада на Македонија и треба што поскоро,  а со тоа и предвремени парламентарни избори.

-Целокупната криза што доведе до пржинската спогодба не донесе ништо добро.  Ништо од ветувањата не се оствари, освен тоа што влеговме во НАТО. Се друго не само што не е подобро, туку состојбата во државата е дури и полоша. Ако се има  добри намери од сите политичари кај нас, потребно е да не се чекаат редовни избори, бидејќи гледаме какви комбинации се случуваат и сега за да се обезбеди и да се задржи мнозинство. Предлагам што поскоро да се формира техничка влада и веднаш да се распишат предвремени избори , затоа што политичката криза е се подлабока. По изборите ќе мора да врати принципот за коалиција победник со победник, и покрај тоа што тој принцип во последниве неколку години е компромитиран. Но ако на некого одгвара сигурно ќе го вратат. ДУИ инсистираше на тој принцип кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но во последниве години не е валиден, бидејќи сега СДСМ нема мнозинство кај македонците, вели Хајредини во изјава за весникот ВЕЧЕР.