Тасевски: Имам чувство дека сите тука сме осуденици на смрт. Само го чекаме џелатот во какво руво ќе стигне – лекар, судија, политичар од власт…

Ете не се умирало кај нас само од ковид.
Се умира и од заб.

Она, те боли заб одиш на забар, он нешто божем го поправа, доаѓаш дома и по два дена умираш во маки, со голтање и повраќање крв и гној.
Забарот згрешил.
Нешто наопаку направил.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!

Тоа е исто ко автомеханичар папучата за кумплунгот да ја поврзе со кочницата.
Згрешил згрешил.

Што друго да се каже. Да бевме Данска ќе одеше во ќорка и забарот и директорот на болницата и министерот и ќе паднеше владата.

Оти некој му дал диплома за забар, друг го вработил како забар, трет не проверил колку го бидува за забар.

Ама пустото не сме Данска.
Не сме ни Џибути.

Во Џибути на пример некој лекар правел нелегални абортуси, му дошла полицијата со оние стаповите два метра долги, го шинале од ќутек на лице место. Тоталка го уништиле. Траен инвалид. Ги мрзело да го носат во полиција па во суд.

Ех Џибути, ветена земјо на можности.
Понекогаш имам чувство дека сите ние овде, сме осуденици на смрт.. Само го чекаме џелатот во какво руво ќе пристигне.

Дали облечен како забар, кардиолог, извршител, судија или политичар од власта.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа