Експертите се поделени дали треба да се задржи досегашниот модел, со оглед на жешката политичка есен што се очекува и кризата која е неизбежна по уставните измени. Политичката јавност коментира дека пржинскиот модел и досега се покажал како нефункционален, па затоа не гледаат цел дека таква влада ќе обезбеди решение. На почетокот на годинава опозицијата поднесе предлог за укинување на пржинската влада, но предлогот не помина, а власта инсистира на консензус
Има ли смисла формирање на техничка влада сто дена пред избори, без оглед кога ќе се случи изборно соочување, со оглед на политичката криза која се повеќе се продлабочува. Експертите се поделени дали треба да се задржи досегашниот модел, со оглед на жешката политичка есен што се очекува и кризата која се неизбежна по уставните измени. Политичката јавност коментира дека пржинскиот модел и досега се покажал како нефункционален, па затоа не гледаат цел дека таква влада ќе обезбеди решение. На почетокот на годинава опозицијата поднесе предлог за укинување на пржинската влада, но предлогот не помина, а власта инсистира на консензус. Префесорката Тања Каракамишева Јовановска во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека владата за спроведување избори или популарно позната како техничка влада е неуставен елемент во нашиот правно-политички систем уште при нејзиното законско утврдување.
-УШТЕ ВО 2015 ГОДИНА РЕКОВ И СЕГА ЌЕ ПОВТОРАМ ДЕКА ВАКВИ КВАЗИ-ИНСТИТУЦИОНАЛНИ РЕШЕНИЈА КОИ НЕМААТ УСТАВНА ОСНОВА СЕ ШТЕТНИ ЗА ДРЖАВАТА И ЗА НЕЈЗИНАТА ПРАВНА СИГУРНОСТ. И ТОГАШ РЕКОВ, А И СЕГА ЌЕ ПОВТОРАМ ДЕКА ОВАА НАСАДЕНА ИНСТИТУЦИЈА НЕМА ДА ДОНЕСЕ, А ТОА СЕ ПОТВРДИ ВО НЕКОЛКУ ИЗБОРНИ ЦИКЛУСИ, ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ВРЗ ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО СИСТЕМОТ, ТУКУ НАПРОТИВ СОЗДАДЕ И НАТАМУ ЌЕ СОЗДАВА ХАОС И ПОЛИТИЧКА НЕДОВЕРБА МЕЃУ ИЗБОРНИТЕ УЧЕСНИЦИ И ГРАЃАНИТЕ. ПОРАДИ ОВА МИСЛАМ ДЕКА Е ПОТРЕБНО ЧАС ПОСКОРО ДА СЕ ТРГНЕ ОВАА ПРОБЛЕМАТИЧНА ЗАКОНСКА ОДРЕДБА ОД ЗАКОНОТ ЗА ВЛАДА И ДА ГИ ВРАТИМЕ РАБОТИТЕ ВО НОРМАЛЕН КОЛОСЕК, ВЕЛИ КАРАКАМИШЕВА ЈОВАНОВСКА.
И поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини смета дека пржинската спогодба и техничката влада не донела ништо добро. Но и покрај тоа, потенцира Хајредини, техничка влада на Македонија и треба што поскоро, а со тоа и предвремени парламентарни избори.
-Целокупната криза што доведе до пржинската спогодба не донесе ништо добро. Ништо од ветувањата не се оствари, освен тоа што влеговме во НАТО. Се друго не само што не е подобро, туку состојбата во државата е дури и полоша. Ако се има добри намери од сите политичари кај нас, потребно е да не се чекаат редовни избори, бидејќи гледаме какви комбинации се случуваат и сега за да се обезбеди и да се задржи мнозинство. Предлагам што поскоро да се формира техничка влада и веднаш да се распишат предвремени избори , затоа што политичката криза е се подлабока. По изборите ќе мора да врати принципот за коалиција победник со победник, и покрај тоа што тој принцип во последниве неколку години е компромитиран. Но ако на некого одгвара сигурно ќе го вратат. ДУИ инсистираше на тој принцип кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но во последниве години не е валиден, бидејќи сега СДСМ нема мнозинство кај македонците, вели Хајредини во изјава за весникот ВЕЧЕР.
Техничката влада која се формира според таканаречниот „Пржински модел“ првпат беше применета на изборите во 2016 година, а беше производ на таканеречениот пржински договор за излез од кризата до која дојде откако тогашиот опозициски лидер Зоран Заев почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори.