Мицковски ги потресе СДСМ: аскоро ќе треба да се соочите со народот има да ве поразиме како никогаш до сега

СДСМ покрај тоа што го крадат, продолжуваат да го потценуваат народот.
На локалните избори минатата година загубија катастрофално и беа целосно делегитимирани од народот, а оваа година на предвремените избори за совет во општина Тетово ја продолжија и продлабочија катастрофата со нов пораз, освоија двојно помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да извлечат поука од катастрофалните порази, продолжуваат да не ја говорат вистината.
Кога сме кај вистината еве ги фактите:
1. Откако сум именуван за советник во владата Април/2015 година, до моето разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%.
Колкава е цената на струјата која ја плаќаат денес граѓаните и стопанството?
Заклучно со Јуни/2022 година граѓаните плаќаа 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога јас бев разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ, после последното поскапување од 1ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за повеќе од 50% поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.
Какви се финансиските резултати на компанијата ЕЛЕМ денешно ЕСМ?
2. ЕЛЕМ го оставив со полна каса, цели 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра депозити, 5 милиони евра пари на сметка и нула долгови. Во 2020 година ЕЛЕМ денешно ЕСМ бележи загуба од 16,7 милиони евра, а загубата во 2021 година достигнува фантастични 28 милиони евра.
Недомаќинското работење, криминалот и незнаењето се главните причини зошто граѓаните плаќаат за повеќе од 50 %, а компаниите за 400% поскапа струја.
Затоа продолжуваат безочно да лажат и затоа продолжуваат да го потценуваат народот. Криењето позади лажни соопштенија и изјави не ја покрива вистината. Набргу ќе дојде денот кога ќе се соочите со народот и ќе загубите. А потоа јас ви ветувам одговорност за сите погрешни политики, криминали и предавства што му ги донесовте на народот и Македонија!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа