Кандидатката за лидер на Конзервативната партија и премиерка на Велика Британија потврдила дека е „подготвена“ да го притисне нуклеарното копче на Велика Британија доколку е потребно, пишува Hafington post.
Трас вели дека е „подготвена“ да го притисне „црвеното копче“ доколку е потребно и дека тоа е „важен дел од работата на премиерот“, иако тоа би значело „глобално уништување“.
Оваа тема на средбата во Бирмингем ја започна водителот Џон Пинар, кој ги праша кандидатите за најважните одлуки кои можат да им го променат животот, вклучително и оние за руско-украинската војна.
– Една од првите работи што ќе се случи кога и ако станете премиер, ќе ве внесат во соба, многу приватна просторија на број 10, а пред вас ќе биде поставено она што се нарекува „последно писмо за крајна потреба“. Дали би му наредиле на капетанот на „Тридент“ да лансира проектили со нуклеарни боеви глави? – ја праша Пинар, Лиз Трас и додаде: