РУСИЈА И САД НА РАБ НА ВОЈНА ! БЕЛАТА КУЌА НЕ ТРПИ ПОРАЗ ВО УКРАИНА! Москва повлече црвена линија, доколку Вашингтон ја премине…
Руското Министерство за надворешни работи предупреди дека САД се на работ да станат активна страна во конфликтот во Украина, што може да доведе до директен судир меѓу Русија и Америка, а со тоа и до избувнување на Третата светска војна.
Сергеј Рјабков, заменик шефот на дипломатијата на Сергеј Лавров, ја обвини Белата куќа дека ја вооружува Украина со офанзивно оружје и го поттикнува официјален Киев да го нападне Крим, наведувајќи дека Вашингтон очигледно не знае дека на овој начин формално влегува во војна со Руската Федерација. .
Директно мешање
Според Рјабков, официјална Москва се обидува да избегне ескалација на конфликтот и судир со САД, но тоа ќе биде неизбежно доколку американскиот претседател Џо Бајден продолжи да ги загрозува руските интереси и не ги сфати сериозно предупредувањата на Кремљ.
– Не сакаме ескалација на конфликтот. Ние би сакале да избегнеме ситуација во која САД би станале активна страна во украинската војна, но засега не ја гледаме подготвеноста на Вашингтон сериозно да ги сфати овие предупредувања. Јасно е што ќе се случи и каква опасност демне доколку Русија и Америка влезат во директен воен конфликт – рече Рјабков.
Тој го отфрли објаснувањето на официјален Вашингтон дека на Украина и испорачува воена и друга помош бидејќи таа земја има „легитимно право на самоодбрана“, наведувајќи дека Западот и режимот во Киев се почесто и отворено зборуваат за напади на руска територија.
Бела куќа: Крим е легитимна цел
Неименуван функционер од Белата куќа за „Политико“ изјави дека американскиот претседател Џо Бајден ги поддржува плановите на официјален Киев за напад на Крим, оценувајќи дека полуостровот, кој е под контрола на Русија, е легитимна цел.
– Претседателот нема проблем со тоа да украинската армија го нападне Крим. Таа територија насилно е под контрола на Москва. Соединетите Американски Држави веруваат дека Украина може да ја таргетира секоја цел која се наоѓа на нејзина територија, а Крим, иако е окупиран, е украинска територија – изјави американски претставник.
– Извинете, за каква самоодбрана зборуваме кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите западни ментори јасно зборуваат за можни напади на цели лоцирани длабоко на руска територија, како што е случајот со Крим?! Тие закани од украинска страна беа диктирани директно од Вашингтон. Белата куќа директно ги поттикнува ваквите луди идеи на Киев. САД се поочигледно и длабоко вклучени во противењето на нашата воена операција во Украина, што всушност ја става Америка на работ да стане активна страна во конфликтот – изјави рускиот заменик министер за надворешни работи.
Напад на Севастопол
Официјална Москва во саботата објави дека Украина извршила неколку напади со беспилотни летала на Крим, а еден од дронови го погодил седиштето на руската морнарица во Севастопол. Веста ја потврди гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, кој рече дека дронот паднал на покривот на штабот на флотата откако бил соборен од руската воздушна одбрана.
– Нашата армија собори беспилотно летало веднаш над седиштето на флотата. Тој удрил на покривот и се запалил. Немаше повредени – рече Развозајев.
Медиумите потсетуваат дека САД се главниот сојузник на Украина од почетокот на војната и дека досега на таа земја и испратиле оружје и воена опрема во вредност од над 50 милијарди долари. Американскиот претседател Џо Бајден во петокот објави дека е подготвен на официјален Киев да му испрати нов контингент оружје во вредност до 800 милиони долари, кое ќе вклучува повеќецевни ракетни системи HIMARS, хаубици М777 и борбени беспилотни летала.