Според резултатите од Тетово ако денес се одржат избори СДСМ ќе доживее потоп со максимум 25 пратеници

Владата на СДСМ е жестоко делегитимирана од огромен број граѓани. Односот на гласови помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Тетово е два спрема еден, во советници е четири спрема два, и ако тоа го пресликаме на ниво на Македонија, односот и во гласови и на анкетите е 400.000 гласови за ВМРО-ДПМНЕ, 200.000 гласови за СДСМ. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ во моментот би имала 55 пратеници, СДСМ 27 со целата нивна коалиција, изјави Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција.

– ВМРО-ДПМНЕ има во моментот 50 градоначалници, СДСМ 10. Во 10 најголеми градови во Македонија власта е тотално делегитимирана и во Скопје, вчера во Тетово, претходно во Гостивар, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Велес, Кочани, Кавадарци и на многу други места. Тоа значи дека час поскоро Македонија треба да оди на избори. Час поскоро Македонија треба да добие влада која што е способна и одговорна која што ќе ја носи Македонија низ оваа тешка, жестока криза која што претстои, а за која што власта е тотално неподготвена – порача Ѓорчев.

Според него, поразителен е фактот дека власта три пати повторува избори во Центар Жупа и во Маврово Ростуше за да има доволно гласови.

– Има егзодус, нема доволно луѓе да излезат на гласање и три пати треба да се повторуваат изборите за да се избере градоначалник – додаде тој.

Тој вели дека за жал лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски може да победува само исклучиво кога е единствен кандидат.

– Победата во Центар Жупа е на Демократската партија на Турците, а Ковачевски е само споредна улога која што сака да се качи на бранот на таа победа. Но, важно е дека во најголемата општина каде што вчера имаше избори победи ВМРО-ДПМНЕ. Во Маврово Ростуше поради притисоците на власта, поради купувањето гласови, поради издавање пасоши, лични карти, лични документи гласачи на СДСМ само во еден ден, а оние кои што гласаат за опозицијата не можат со недели да ги добијат, затоа власта со тој жесток пресинг и притисок имаше некаков резултат во Маврово Ростуше – рече Ѓорчев и порача „ајде час поскоро да одиме на избориМакедонија заслужува подобра влада.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа