Ќерката на Александар Дугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, наводно е убиена во близина на Москва, пишува Би-Би-Си.
Според државните медиуми, Дарија Дугина загинала откако автомобилот ѝ експлодирал додека се возела кон својот дом. Наводно, во тој автомобил како цел на нападот требало да биде блискиот соработник на Путин, но тој влегол во друго возило.
Дугин е истакнат ултранационалистички идеолог за кој се верува дека е близок со рускиот претседател. Според рускиот медиум 112, Дугин и неговата ќерка синоќа требало да се вратат од настан во ист автомобил, но Дугин во последен момент влегол во друг автомобил.
Непотврдено видео објавено на Телеграм се чини дека го покажува Дугин како шокирано гледа додека службите за итни случаи пристигнуваат на местото на настанот. Би-Би-Си не можеше да ја потврди снимката од независен извор.