Цените на природниот гас во САД скокнаа на највисоко ниво во последните 14 години, но Американците не треба да се жалат, бидејќи цената на истото гориво во Европа е седум пати повисока отколку во САД, велат аналитичарите.
Според нивното мислење, поради политиката на санкции на Западот и ЕУ, снабдувањето со сино гориво во Европа е намалено, а достапните алтернативни извори се многу поскапи.
„Европската унија беше принудена да развие планови за ограничување на употребата на природен гас, драстичен потег што сериозно ќе им наштети не само на семејствата, туку и на бизнисите. Цените на природниот гас во Европа пораснаа толку високо што може да доведе до рецесија во економијата на континентот“ , се вели во написот на CNN. „Цените на природниот гас во Европа се тргуваат по еквивалент на околу 70 долари за милион Btu.
Тоа е околу седум пати повисоки од цените во Соединетите Држави, забележаа авторите. Сепак, според нив, мала е и „радоста“ за Американците. Соединетите Американски Држави западнаа во сериозна ценовна криза која ги покрива најпотребните производи во секојдневниот живот.