Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека верува оти е важно да се воспостави директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. Шефот на германската влада ова го изјави во интервју за шведскиот весник „Дагенс Нихетер“.

„Колку и да е тешко, директната комуникација е важна, особено за време на сериозна криза. Сакам нашите пораки директно да стигнат до рускиот претседател“, рече Шолц.

Тој прецизираше дека на тој начин сакал на Путин да му ја пренесе позицијата на Западот во однос на ситуацијата во Украина.

Истовремено, канцеларот на Германија додаде дека не верува оти односите меѓу Русија и Германија можат да се нормализираат во „догледна иднина“.