Кинеските војници ќе одат во Русија за да учествуваат во заеднички вежби со Русија и други земји, вклучително и Индија, Белорусија и Таџикистан, соопшти кинеското Министерство за одбрана, цитирано од Ројтерс.

Учеството на Кина во заедничките вежби „не е поврзано со актуелната меѓународна и регионална ситуација“, се вели во соопштението на Министерството.

„Вежбите се дел од тековниот билатерален годишен договор за соработка, се вели во него. Слични заеднички вежби во кои учествува Кина, предводени од Русија, се одржани во последните години. Целта е да се продлабочи практичната и пријателска соработка со војските на земјите учеснички. да се подигне нивото на стратешка соработка меѓу земјите и да се зајакне способноста за одговор на различни безбедносни закани“, се вели во соопштението.