Не е ова Шилегов и СДСМ! Од ДУИ ја свртија опашката и ги избришаа сите постови против Данела

427

„Данела, немој да мислиш дека си нашла ‘планина без волк’, па ќе можеш да правиш што сакаш!!“ – со заканувачки тон Абдул Селам Селами, заменик-директорот на Управата за јавни приходи на Република Македонија, и се обрати на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако таа донесе одлука за отстранување на 33 вработени според „рамковниот принцип“, кои примале плата, а не оделе на работа.

Абдул Селам Селами, кој е од редовите на Демократската унија за интеграција, во објавата на својот фејсбук-профил без персирање, во директен тон ја „поучува“ градоначалничката на Скопје Арсовска: „Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред. Немате предвидено ниеден кадар-Албанец во Дирекцијата, каде што раководи Градот Скопје, па од неодамна почна и да отпушташ работници-Албанци од работа!!!“



„Саламандии можеш да кажуваш во приватниот сектор, или во твојата компанија, од каде што доаѓаш, но НЕ и со народните пари на граѓаните на Скопје.“

Сепак, после неколку часа, Селам ја избриша објавата на фејсбук.

Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog