КОТЛАР: ВО БРИТАНСКИ ВЕСНИК ВЕДНАШ ПОСЛЕ 1903-та СЕ ПИШУВАШЕ ДЕКА „БУНТОВНИТЕ БАЛАДИ СО ИМЕТО МАКЕДОНИЈА СЕ ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ТАТКОВИНА“

Кога станува збор за македонскиот народ, за македонскиот јазик, добро е да се потсетиме на еден запис на британскиот новинар, општественик и познавач на македонските и балканските околности Хенри Ноел Брејлсфорд веднаш по Илинденското востание:

‘Тие [Македонците, б.н.] се народ врзан за почвата, вкостени во своите села со ограничен опсег на чувства, кои побожно се вртат околу нивните планини, нивните реки и нивните древни цркви. Нација на селани, што тргнува со вакви конзервативни одлики, бргу ќе развие вистински патриотизам…Нивните балади за бунт, во кои зборот ‘МАКЕДОНИЈА’ се јавува во секој рефрен, докажуваат дека тие имаат татковина.” – напиша Наташа Котлар универзитетската професорка од Институтот за историја од Скопје, на својот фејсбук-профил.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа