УАПСЕН ДОНАЛД ТРАМП? РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ДОНАЛД ТРАМП ПОД опсада: ФБИ упадна во неговиот имот на Флорида (ВИДЕО)

283
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека агенти на ФБИ извршиле рација во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида и го ограбиле сефот, јавуваат светските медиуми.





Според двајца извори запознаени со ситуацијата, ФБИ ја пребарале резиденцијата на Трамп врз основа на налог како дел од истрагата за можното незаконско отстранување и уништување на документите на Белата куќа по неговото претседателствување , пренесува Гардијан.

Трамп во изјавата рече дека „неговиот прекрасен дом“ Мар-а-Лаго во Палм Бич е под опсада и дека е окупиран од голема група агенти на ФБИ.

– Дури и упаднаа во мојот сеф – рече Трамп.

Тој додаде дека соработувал со сите релевантни владини агенции и дека „ненајавениот упад“ во неговиот дом не бил ниту потребен ниту соодветен.

Тој оцени дека акцијата претставува „несоодветно однесување на обвинителот“ и „вооружување на судскиот систем“ со цел да се спречи неговата повторна кандидатура за претседател на САД.

– Таков напад може да се случи само во опустошените земји од третиот свет. За жал, Америка сега стана една од земјите што е корумпирана на ниво што досега не е видено – според Трамп.

Седиштето на ФБИ во Вашингтон и канцеларијата во Мајами не сакаа да ги коментираат информациите за рацијата во куќата на Трамп.

Синот на Трамп, Ерик, изјави за Фокс њуз дека предмет на претресот биле кутиите со документи кои Трамп ги донел од Белата куќа и дека неговиот татко со месеци соработувал со Националниот архив за оваа работа.

Рацијата доаѓа кога Трамп ги поставува темелите за уште една претседателска кандидатура во 2024 година и по серија јавни расправи за неговата улога во настаните што доведоа до нападот на Капитол по изборите минатата година.

Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog