ШОК ЗА ЕУ И УКРАИНА: Дел од територијата на Украина одлучи на референдум за приклучување кон Русија

839

Друг дел од Украина, покрај реката Днепар, одлучи да одржи референдум, на кој ќе се прогласи за присоединување кон Русија.

Шефот на регионот Запорожје потпиша указ за референдум на кој жителите се поканети да се изјаснат дали сакаат да се приклучат на Русија.

 

Претходно, членот на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, Владимир Рогов, ја коментираше изјавата на Володимир Зеленски дека со одржување референдум во јужните региони – Запорожје и Херсон, ќе се стави крај на секоја можност за преговори меѓу Русија и Украина.

„Земјата Запорожје засекогаш ја напушта Украина. Регионот Запорожје тргна кон обединување со Русија и нема враќање назад. Затоа му советувам на режимот Зеленски да се навикне и да почне да го идентификува регионот Запорожје со Русија“, рече Рогов.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преговорите со Русија нема да бидат можни доколку тој одржи референдуми во окупираните области на неговата земја.

Како што јави N1, повикувајќи се на Хина, руските сили и нивните сепаратистички сојузници сега контролираат големи делови од територијата во Донбас на истокот на Украина и на југот на земјата.

Тамошните власти рекоа дека можат да организираат референдуми. Зеленски рече дека Киев останува на својот став дека нема да ѝ отстапи ни педа територија на Русија.

Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog