Сведоштво од Карпалак ќе ве расплаче: Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска.

Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму двапати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко. На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму – го убија на пат. „Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето“, вели дедо му Тренко.
Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели: Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска.
Карпалак 2001!!!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа