Тајванската противвоздушна одбрана, наводно, забележала 21 кинески авион како влегува во нивната радарска зона откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси пристигна на островот, соопшти тајванското Министерство за одбрана.
Министерството прецизира дека групата авиони, која влегла во југозападната страна на зоната пред брзо да се врати, вклучувала осум борбени авиони Ј-11, десет повеќенаменски авиони Ј-16, авион за рано предупредување и контрола KJ-500 AEV&C, авиони за електронско војување Shaanki I-9 EV и I-8 ELINT за собирање разузнавачки авиони, се вели во соопштението.
Потсетуваме, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси пристигна во Тајван.
Пелоси слета на аеродромот во Тајпеј во вечерните часови по локално време.