„КИНЕСКАТА ВОЈСКА СТАНА ПОАГРЕСИВНА“ САД итно испратија повеќе од 5.000 војници во Индо-Пацификот, подготвувајќи ОДГОВОР?
Повеќе од 5.000 војници од САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и Сингапур учествуваа во овогодинешните вежби, што ги прави најголеми откако првпат беа одржани во 2009 година, пренесува АП.
Вежбите се дизајнирани да „ја зајакнат интероперабилноста, способноста, довербата и соработката меѓу партнерите за поддршка на слободен и отворен Индо-Пацифик“, се вели во соопштението на американската амбасада во Џакарта.
– Тоа е симбол на американско-индонезиската врска и се поблискиот однос меѓу копнените сили во овој регион – изјавија тие.
– Копнените сили се основата на безбедносната архитектура на регионот – изјави генерал Чарлс Флин, командант на американската војска во регионот на Пацификот, пренесе АП.
Флин и индонезискиот генерал Андика Перкаса ги отворија заедничките вежби со церемонија утрово во Батураја, крајбрежен град во провинцијата Јужна Суматра.
Вежбите ќе траат до 14 август и вклучуваат маневри на Армијата, морнарицата, воздухопловните сили и маринците.