„КИНЕЗИТЕ ЈА ИНВАЗИРАА ТЕРИТОРИЈАТА НА ТАЈВАН“ Блокирани се воздушниот простор и водите околу островот, објави Тајпеј (ФОТО/ВИДЕО)

Набргу откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси пристигна во Тајпеј, кинеската војска започна со воздушни и поморски вежби во близина на Тајван.

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека Кина со спроведување на воени вежби ги прекршила правилата на Обединетите нации, извршила инвазија на територијата на Тајван и дека кинеските сили го блокираат воздушниот простор и водите кои му припаѓаат на Тајван.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека островот цврсто ќе ја брани својата безбедност, ќе се спротивстави на секој потег што го нарушува неговиот територијален суверенитет и дека војската ќе го подигне своето „ниво на будност“ на таков начин што нема да предизвика конфликти, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека „Кина продолжува да води психолошка војна против Тајван“, и дека граѓаните не треба да веруваат во гласини и се поканети да ги пријават сите лажни вести до владата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа