Русија „грмеше“ по Америка и ЕУ поради Србија: Престанете со провокациите против косовските Срби и Белград
Москва ги повикува Вашингтон и ЕУ да престанат да ги охрабруваат приштинските екстремисти и да престанат со провокациите против косовските Срби и Белград.
Ова го изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Ги повикуваме САД и Европската унија да престанат да ги охрабруваат приштинските радикали во нивното антисрпско лудило и да престанат со провокациите против косовските Срби и Белград“, рече Захарова на редовниот брифинг.
Ситуацијата околу Косово ескалира поради плановите на Приштина од 1 август да забрани влез на автомобили со српски регистарски таблички и документи во регионот.