Пекинг го предупреди Вашингтон: Да се стане непријател на 1,4 милијарди Кинези никогаш нема да заврши добро
Соединетите држави се обидуваат да го оспорат суверенитетот на Кина над Тајван и да предизвикаат конфликт во Тајванскиот теснец, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, пред очекуваната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на островот.
Истакнувајќи дека некои американски политичари „отворено си играат со оган“ за прашањето на Тајван, Ванг рече дека САД „континуирано го поткопуваат суверенитетот на Кина, ја поткопуваат политиката „Една Кина“, па дури и намерно се обидуваат вештачки да направат инцидент во Тајванскиот теснец.
Ванг понатаму сугерираше дека некои американски политичари се грижат само за сопствените интереси и дека неуспехот на Вашингтон да ги почитува своите обврски кон Тајван е „срамен“ и само ја нарушува неговата репутација, карактеризирајќи го како „најголем уништувач на мирот денес“.
Тој исто така предупреди дека „да се стане непријател на 1,4 милијарди Кинези никогаш нема да заврши добро“.
Ји додаде дека некои американски политичари „отворено си играат со оган“ и ги осуди обидите на Вашингтон вештачки да создаде инцидент во Тајванскиот теснец.
Изјавата на министерот за надворешни работи доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Пекинг поради очекуваната посета на претседателот на Претставничкиот дом Пелоси на Тајван подоцна денеска.
Кина постојано предупредуваше дека нејзиното доаѓање Пекинг ќе го сфати како „грубо мешање во внатрешните работи на Кина“, а портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан изјави дека „ако си играте со оган, ќе изгорите. Верувам дека САД се целосно свесни за силната и јасна порака испратена од Кина“.