Утре се очекува прославата на големиот македонски празник Илиден во Крушево да помине со големи тензии.
Неофицијално за време на говорот на премиерот Димитар Ковачевски нема да и биде дозволено ниту на коњаницата, ниту на граѓаните да присуствуваат на платото со цел да се спречи исвиркување на премиерот Ковачевски. Според нашите информации можно е да летне и некоја табла јајца.
Дополнително проблематично е што нашите информации говорат дека неколку различни групи подготвуваат герила која ќе биде израз на незадоволството што Владата на СДСМ го прифати таканаречените француски предлог за бугаризација на Македонија.
Проблеми може да има и помеѓу присутните имајќи во предвид дека голем број патриотски настроени граѓани годинава решија да го прослават македонскиот празник како што доликува на Мечкин Камен, а во исто време сите општински одбори на СДСМ имаат добиено насока утре масовно да одат во Крушево па така не се исклучува конфликт помеѓу присутните.
Мицкоски и годинава бегајќи од соочување со поделбите во македонското ткиво и можноста да заврши како Таче, исвиркан и со кајгана на главата реши најголемиот македонски празник да го слави во Ташмаруништа.
За да ги добивате овие ексклузивни информации пред сите следете не на следниов линк.