Бугарите ја формирале ДПМНЕ за да ги реализираат целите во Македонија

Васко Ефтов тврди дека ВМРО била формирана од Бугарите за да ги реализира нивните империјалистички цели во Македонија. Тој лично не смета дека треба Македонците да имаат комплекс од тоа што пет-шест основачи на ВМРО се пишувале како Бугари.

„Зошто јас би се плашел ако пет или шест од тие седум или осум што ја формирале организацијата на 23 октомври 1893 година се пишувале како Бугари? Јас го немам тој комплекс. Секоја држава има такви црни петна. Но, право е на секој да се чувствува така како што сака. Такви биле околностите. Сме немале држава, тие направиле пред нас. Валканиот процес што се случува сега е расчистување меѓу Македонците кои кој на која страна бил. Ги имаш ВМРО кои се наследници на Александров, на Ванчо Михајлов, сега треба да покажат дека не потекнуваат од реброто на Бугарите. Така Бугарите не третираат. А Бугарите формирале организација која требало да ги реализира нивните империјални цели во Македонија. Таа организација со тек на време се македонизирала. ВМРО-ДПМНЕ има драматичен комплекс за некое бугарско постоење.“, вели Ефтов во Само интервју на Канал 5.

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа