ЗАГИНАА АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: соопшти Стејт департментот

111

Стејт департментот ја потврди информацијата за неодамнешната смрт на двајца американски државјани за време на борбите во регионот на Донбас. Двајцата Американци најверојатно се бореле на страната на вооружените сили на Украина, јавува телевизискиот канал ABC, повикувајќи се на неименуван претставник на Министерството за надворешни работи на САД.

„Можеме да ја потврдиме неодамнешната смрт на двајца американски државјани во регионот Донбас во Украина. Во контакт сме со семејствата и ја обезбедуваме сета можна конзуларна помош “, изјави извор од Стејт департментот.



Стејт департментот одлучи да не ги објавува имињата на загинатите Американци и да не коментира дополнително од почит кон нивните најблиски. Според каналот, платениците наводно се бореле на страната на Киев.

Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog