Политичкиот аналитичар Александар Меркурис проговори за интересна средба во Кремљ, на која Путин го покани еден од неговите најголеми противници, лидерот на Комунистичката партија, Генадиј Зјуганов. Тој смета дека е постигнат пеколен договор за Украина.
Александар Меркурис, политички аналитичар и уредник на порталот Дуран, ги анализираше актуелните настани во војната во Украина, фокусирајќи се особено на две работи:
средбата што Путин ја одржа во Кремљ со военото раководство и лидерите на политичките партии и реченица која, како што смета Меркурис, ја испрати најдиректната порака до светот досега дека намерата на Русија е целосно да ја уништи Украина
Тој особено го истакна присуството на лидерот на Руската комунистичка партија Генади Зјугнов, кој своевремено имаше многу блиски односи со Слободан Милошевиќ и кој побара Русија воено да и помогне на Србија за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година.
Пред тоа, Милошевиќ го поддржа пучот што тврдокорната струја во Комунистичката партија на Советскиот Сојуз се обиде да го изврши во Моксва во 1991 година со цел да го собори Горбачов.
Зјуганов е наследник на оваа струја, а своевремено за малку ќе го победи Борис Елцин на изборите за претседател на Русија во 1996 година.
Откако Путин дојде на власт, Зјуганов е еден од неговите најголеми ривали, иако многумина веруваат дека нивните политички ставови се слични и не се разликуваат.
Западот ја турка Украина во самоуништување
„Путин се сретна зад затворени врати во Кремљ со највисоките руски воени стратези во просториите каде Ленин и Сталин некогаш ги одржуваа најважните состаноци. Тоа се просториите во кои се случуваат најтајните договори на руската политичка елита.
Овојпат Путин одлучи да ги покани на состанокот и лидерите на сите руски партии да разговараат за војната во Украина и да направат планови за иднината.
Интересно е што на оваа средба покрај Путин, Генадиј Зјуганов, лидерот на Руската комунистичка партија, одигра една од главните улоги. Како што дознав од извори блиски до овој настан, Зјуганов, за прв пат откако Путин стана претседател на Русија, најде заеднички јазик со него за виталните прашања во врска со воената интервенција во Украина.

Патем, комунистичката Партијата е втората најпопуларна политичка партија во Русија, а според членството, можеби најголемата руска политичка организација, така што доаѓањето на Зјуганов на состанокот во салата која е симбол на Советска Русија и нејзината ж лидер, уште еден симболичен гест на поврзаноста на денешна Русија со историските корени на Советскиот Сојуз, за што многу се зборуваше од почетокот на војната во Украина“, додаде Меркурис.
Извор: Мондо.рс