КИНА: ПОДГОТВЕИ СМЕ ЗА ВОЈНА СО САД

Кинеските власти објавија дека упатиле строго предупредување до американските власти поради, како што пишува Фајненшл тајмс, евентуална посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

„Кинеската страна во повеќе наврати јасно им стави до знаење на САД дека силно се противи на посетата на спикерот Пелоси на Тајван. Ние сме целосно подготвени“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

 

Тој изјави дека „ако САД продолжат да одат по погрешниот пат, Кина сигурно ќе преземе цврсти и силни мерки за зачувување на својот национален суверенитет и територијален интегритет, а САД треба да бидат одговорни за какви било сериозни последици“, објави RT.

Во американската администрација има поделби околу тоа дали Пелоси треба да го посети Тајпеј, тврдат два извори запознаени со ситуацијата, објави Фајненшл тајмс.

Потенцијалната посета на американскиот функционер доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Америка и Кина околу Тајван. Кина го смета овој остров за своја територија.

САД немаат официјални дипломатски односи со Тајпеј, но имаат закон според кој Вашингтон се обврза да му обезбеди на Тајван средства за одбрана.

Почитувани читатели, на нашиот Telegram канал можете да ги следите нашите најдобри вести како и оние кои не ги објавуваме на други мрежи поради специфична содржина

Нашиот Телеграмски канал – https://t.me/webtribune

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа