По следните избори СДСМ нема веќе да постои како партија?

Она што мене ми се виде карактеристично е што најголем дел од оние кои беа најгласни во овој период се всушност поддржувачите на Преспанскиот договор, а сега 90 отсто од нив се против овој француски предлог за решение на спорот со Бугарија. Затоа велам ова беше добра прилика, но не се искористи и стигнавме до ова што стигнавме“, вели политичкиот аналитичар Александар Кржаловски за Радио Слободна Европа.

Тој посочува дека повеќето партии ќе имаат штета од ова за својот рејтинг. Но, како што вели, за жал во земјава изборот е сведен меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, и колку и лошо да прават партиите, на крај пак луѓето избираат една од нив.

СДСМ на некој начин беше во нокаут со првиот предлог од Франција. Не верувам дека многу нешто поправи изменетиот предлог, бидејќи стана јасно дека не е нешто многу изменет, ниту пак е значително подобрен. Но, ете решија да се држат до тоа и да го протуркаат, но претпоставувам дека ќе остане доста голем белег на нивниот рејтинг за следните избори“, вели Кржаловски.

Постои можност на СДСМ да им се случи она што им се случи на Пасок и на Сириза во Грција или она што се случи во Шпанија, но останува да се види дали оваа ситуација има потенцијал да доведе до тоа и до јакнење на нова опција, вели Кржаловски. Тој додава дека ќе се наруши и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се обиди да профитира со ова со стриктно „Не“ и ги организираа протестите, кои беа релативно масовни, но еве на гласањето во Собранието не се одважија да кренат рака „против“, исто како за референдумот за името, што сметам дека исто така ќе го наруши нивниот рејтинг. Тоа веројатно граѓаните ќе го сметаат како нивна политичка игра да не бидат ниту ваму ниту таму, ама мислам дека тоа не носи нови гласачи, туку само го задржува нивното членство, а веројатно и некој од нив ќе се разочараат од таквото делување“, рече Кржаловски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа