Трија раце Путин! Саудиска Арабија двојно го зголеми увозот на нафта од Русија и истата им ја продава на ЕУ по многу поголема цена

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, двојно го зголеми увозот на нафта од Русија, бидејќи Москва во моментов ја продава својата нафта со значителни попусти. Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го посети кралството.

Според новинската агенција Ројтерс, која се повикува на податоците на Refinitiv, во вториот квартал на 2022 година, од април до јуни, 647.000 тони нафта пристигнале во Кралството Саудиска Арабија преку руските и естонските пристаништа. Тоа одговара на количина малку поголема од 7.000 тони или 48.000 барели нафта дневно.

 

Во истиот период лани вкупното количество увезено нафта од Русија изнесувало 320.000 тони, пренесува Дојче веле.

Саудиска Арабија користи руска нафта за производство на електрична енергија и потоа може да произведува и извезува сопствена нафта. На Арапскиот Полуостров е потребно особено големо количество електрична енергија за ладење во жешките летни месеци – токму сега.

Промена на пазарот

Поради санкциите, особено од Европската унија, Русија ја продава својата нафта на светскиот пазар со значителни попусти. Со оглед на војната на Русија против Украина, некои земји одбиваат да купат нафта од Русија.

Од друга страна, огромните економии како Кина и Индија, како и бројните земји во Африка и Блискиот Исток, го зголемија увозот на овој извор на енергија од Русија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа