Пресврт во светскиот поредок: Ново проширување – уште три земји сакаат да се приклучат на БРИКС едната е членка на НАТО?

Претседателот на БРИКС, меѓународната асоцијација на економии во развој, Пурнима Ананд рече дека Турција, Египет и Саудиска Арабија сакаат да се приклучат на оваа група.

Групата БРИКС ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Ананд изјави дека одлуката за прием на некои од земјите може да биде донесена за време на следниот самит на организацијата во 2023 година.

 

Во изјава за рускиот весник „Известија“ таа истакна дека претставниците на земјите од БРИКС разговарале за можните нови членки за време на нивниот последен самит во Пекинг, кој се одржа во виртуелен формат на 23 и 24 јуни.

„Сите овие земји покажаа интерес за приклучување и се подготвуваат да аплицираат за членство. „Мислам дека тоа е добар чекор, бидејќи проширувањето секогаш се перципира позитивно, тоа ќе го зајакне влијанието на БРИКС ширум светот“, рече Ананд.

Таа изрази надеж дека приемот на нови членки ќе се случи „многу брзо“, бидејќи „сите претставници на земјите кои го сочинуваат јадрото на оваа асоцијација се заинтересирани за проширување“.

Ананд изјави дека членството на Турција, Египет и Саудиска Арабија треба да се случи брзо, бидејќи процесот веќе е во тек, истакнувајќи дека приклучувањето во организацијата нема да се случи истовремено.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа