Пензионираниот американски генерал-полковник Бен Хоџис вели дека инвазијата би можела да заврши следната година доколку Западот продолжи со воената поддршка за Киев.
„Русите се исцрпени, нема многу што можат да направат во моментов“, рече тој.
Хоџис тврди дека украинските сили имаат морална предност пред Русите.
„Русите немаат значителна предност во огнената моќ. Вооружувањето на украинските сили со оружје што им дозволува да ја напаѓаат руската артилерија, складишта за муниција и командни пунктови го поткопува единственото нешто што Русите им оди во прилог“.
„Ако Западот продолжи да ја поддржува Украина во текот на оваа година, тогаш мислам дека војната ќе заврши до 2023 година“, заклучи тој.
Почитувани читатели, на нашиот Telegram канал можете да ги следите нашите најдобри вести како и оние кои не ги објавуваме на други мрежи поради специфична содржина