Населението на Русија треба да се намали на 50 милиони, според поранешниот полски претседател Лех Валенса.
Според неговото мислење, неопходно е да се „изнуди промена на политичкиот систем“ во Русија и „да се организира востание на народот“, пишува францускиот весник „Фигаро“.
Тој, исто така, смета дека Русија треба да се „распарчи“ и да се „крене востание“ на 60 нации „за да се обезбеди безбедност во светот“.
„Или сменете го политичкиот поредок на Русија или вратете го нејзиното население на помалку од 50 милиони“, истакна Валенса.
Поранешниот полски претседател призна и дека Западот е заинтересиран да ја прошири својата сфера на влијание со помош на инструменти како НАТО и Европската унија. Меѓутоа, како што рече Валенса, САД и Европа „имаат право на тоа“, бидејќи своите амбиции ги реализираат на „демократски“ начин.
Полските политичари често даваат агресивни антируски изјави. Така, поранешниот заменик-министер за одбрана на Полска, Ромуалд Шереметјев изјави дека има потреба од „демилитаризација“ на Калининградската област, а премиерот Матеуш Моравјецки сакаше да ја „победи и ликвидира“ идеологијата на „рускиот свет“.