Почитувана амбасадорке Мери Брнс, дозволете да ви одговорам на вашето отворено писмо до јавноста

Почитувана Мери Брнс – амбасадор на САД во Република Македонија, дозволете ми да ви одговорам на вашето отворено писмо до македонскиот народ.

Пред се не ми замерувајте што во почетокот на мојот текст и понатаму ќе го употребувам името Македоноја, си давам за право да го користам 1-от амандман на светото писмо за секој американец – Уставот напишан од татковците на САД Џеферсон, Вашингто, н Монро, Адамс и стариот Франклин пошо нели “We, the people”.

Мадам Брнс Ви пишува човек кој имал прилика неколку години да работи и живее во САД, човек кој половина од заработката воАмерика ја користел по американските музеи, човек кој беше гостин на неколку средби по покана на амбасадорот Бејли,   човек кој ги обработил на македонски биографиите на сите америкаски претседатели и човек кој е добар познавач на историјата и на културата на вашата унија која ја сочинуваат 50 земји.

Би сакал да ве известам дека внимателно го прочитав вашиот краток текст со кој се обраќате до македонскиот народ и на жалост морам да ве известам дека реториката за напредок и просперитет која ја користите, барем јас, ја слушам во изминатите 3 децении.

Мадам Брнс, дозволете ми сега да ви кажам малку за нашата Историја!

Оваа земја почитувана амбасадорке, уште од своето доење, уште при првите обиди за формирање на посебна или автономна нација е прозападна и наклонета кон Британија и САД. Кога во Европа доминирале царства, почитувана Брнс ние во Крушево ја формиравме првата Република на балканот по теркот на Америка. Територијата за која сте задолжена вие како Амбасадор госпоѓо е потопена со крв до секој микрометар. Генерации се испоубиени за идеја за слобода и за обединување. Можеби и не постои таков народ врз кој со децении назад е вршено поробување, асимилација, егзодус, геноцид, размена на население……. САД не се наши партнери ни од вчера ни од пред 30 години, САД е запознат со македонското прашање уште од пред 100 години кога претседателот Вудро Вилсон од петни жили во Лондон  им се спротивставува на големите сили меѓу кои се и Русија, Германија и Британија  на поделпата на Македонија како територијална единица, за да спречи се она што подоцна следува врз народот на оваа земја.  Првиот обид кога се спомнува за договор со Русија а тоа е мајскиот во 1924, од страна на народот е пречекан на нож и ликвидиран е лидер на Македонската Револуционерна Организација – единствена организација која ги претставувала интересите  во тој период.

Почитувана Брнс на платото на АСНОМ кога за прв пат правно формално е формирана Македонија како федерална единица, во огромни димензии се вее знамето на соединетите американски држави на кое е поставено слика од човекот кој е единствен во САД со 3 последователни претседателски мандати Франклинг Делано Рузвелт,  инаку доктрината на Монро и Вашингтон забрануваат повеќе од 2 претседателски мандати и тоа до ден денес  традиционално се почитува уште од потпишувањето на декларацијата на 4 ти Јули.

Во мрачниот комунизам 4 децении како кучиња се малтретирани убиваи и затвараи сите со  прозападни и прокапиталистички сваќања, за да во 1991 конечно прогласиме самостојност и независност како Држава со сопствен валутен систем, војска, полиција и уредување. На тој ден повторно може да се забележат знамињата на САД.

Кој го убива американизмот во Македонија?

Да ви раскажам за една ситуација што ја имав додека живеев и работев во Америка. Ангажиран бев работно за “Меморијал Деј” тоа е ден кога воглавно продефилира армијата со цел да се потсети на своите сограѓани кои трагичо ги загубиле животите во војни каде итервенирала и САД. Се одбележува нешто слично како 4-ти Јули,   со однапред подготвени програми и организирани настани каде говори држат претежно офицери или воени ветерани. Бевме блокирани неколку часа додека заврши манифестацијата и поминат армиските полкови. Започнавме конверзација со колегите од САД околу животот во Македонија,  а во меѓувреме им напоменувам дека нивната Држава има вложено 1 милијарда долари во Македонија од американските даночни обврзници за развој и просперитет на Македонија. Ми поставуваат прашање зошто САД би ги трошела нивните пари кај нас,  на кое им одговарам дека тоа е нормално затоа што сме партнери и им е од интерес да имаат економски развиен соработник. На тоа повторно ме прашуваат  зошто не сте развиена земја туку доаѓате да работите тука. Тоа беше прашање за кое немав одговор, за што беа потполно во право. 1 милијарда долари на граѓаните на САД изминатите 30 години се вложени во нашите институции а годишните извештаи на “Стејт Департментот” нотираат огромен криминал и корупција секоја година наназад, што веќе го има запалено алармот.

Ноторна лага е измисленото руско влијаие на поединци или изолирани групи! Како и низ цела Европа така и кај нас помладите генерации ја прифаќаат западната култура и начин на размислувања. Во државава доминира американската филмографија и музика. Во поглед на инвестиции,  амерички гиганти во автомобилската индустрија креираа десетици илјади вработувања изминативе неколку години.

Американизмот и западниот дух не го уништуваат измисленото руско влијание или тенденциозни лажни вести, туку изостатокот на реакции од страна на официјалната администрација на САД во Македонија!

Во Македонија има неколку американски катчиња кои нудат одлични можности и активности за кои многу малку се знае. Во истите имате можност бесплатно да ја користите библиотеката во која се наоѓаат прекрасни бестселери или да изучувате англиски јазик, како и секојдневни активности за помладата популација. Наместо да се вложува во дополнителен развој на вакви поврзување и активности, кај  нас најголемите багабонти, измамници, непотисти, тендераши, узурпатори и криминалци со цел да ги затскријаат овие девијантни однесувања се претставуваат како про американски и прозападни струи, што доколку нема соодветна реакција од американската испостава, фрла црна дамка врз тоа како всушност изгледа и функционира САД и кога сето тоа го гледа народот се јавува сомнеж и резерва врз неговата определба. Нов е случајот со инцидентот во Собрание и пресметките со филџанот, по само неколку часови стигна соопштение од партијата која стои зад агресорот дека со тоа се заштитувала американската демократија што е надвор од здрав памет и делегацијата на САД треба бурно да реагира на ваквата злоупотреба на САД од овакви узурпатори кои 20 години цицаат на грбот на народот. Исто американската делегација во државава треба очигледно да внимава на своите пи-ар активности. На прославите кои се организираат може да се забележат ликови кои демострираат одбивност кон населението каква што пред неколку години беше поканата на Бучковски за 4 Јули, да се потсетиме дека стаува збор за осудено лице. Или пак на лица како раководството на ДУИ од кои половина се на црна листа и имаат доживотна забрана за влез во САД. Тоа е трагикомично и не смее да помине во такви сериозни институции.

Исто по не знам какви конекции амбасадата бира погрешни партнери за борба со лажи вести. Пред некој месец е остварена соработка со Цивил чиј Претседател се споредува со најголемиот душман на САД –  Че Гевара што е нон  шалантно и администрацијата на САД во Македонија не смее да се договара со вакви ликови кои спијаат со маица на кубанскиот комунист, да не зборувам за содржината нвните страници, пласираат цела депонија од пропаганда и лажни вести за кои во многу наврати се соочуваат со органите не прогонот. Инаку активностите на овие пропагандисти стигнаа дури и до американскиот конгресмени Рон Пол кој цела емисија потроши  да ја разонличи оваа пропаганда.

Госпоѓо Брнс, двопартизмот го граба и го убива ова општество во секоја пора. Додека на вашите средби со политичките партии ви пејат песнички и ве лажат како биле прозападни и наклонети кон ЕУ и САД во штабовите ги подготвуваат списоци со некомпетентни кадри и потенцијални тендеролапачи кои треба да дадат процент за партијата. Ова сето во духот на пријателството делегацијата на Америка во Македонија го премолчува со години, вие го премолчувате а младата популација масовно ја напушта државата, автобуси од квалификувани и професионални кадри секојдневно си заминуваат соочени со реалноста на двопартизмот, затоа и институциите се на толку лошо ниво на кое што се и сето тоа секоја година е забележано во вашите извештаи. Има една добра изрека од еден безвременски македонски филм која вика вака ” Го молам присутниот џган да не ме става во уста” Тоа треба да им го каже и вашата иституција на сите оние кои нивниот грабеж го затскриваат зад нивниот наводно “прозападен дух”. Со години лопови кои се недостапни за правниот систем не убедуваат како тие биле со Америка.

Администрацијата на САД во државава има голема мрежа која ги следи активностите на нашите институции и што почесто треба да им ги отвара очите на македонската јавност, како што тоа пред неговото заминување од должност го направи амбасадорот Бејли кога обзнани за корупција во Антикорупциска, ни ден не помина кога беа разрешени сите членови. Тврдам дека знаејки колку се транспарентни и како се справуваме со борбата против криминалот, ден денес ништо немаше да дознаеме.

И за крај кратко ќе завршам со францускиот предлог поради тоа што акцентот на вашето обраќање беше ставен токму на истиот, за да ви опишам како   се чувствува еден македонец . Само замислете како вие би реагирале некој да ви рече дека американскиот англиски јазик е всушност британски или дека Џон Адамс е британец кој се борел за обединета Англија.

 

Љупчо Маркоски

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа