Медведев и се закани на Јапонија дека нема да има ниту руска нафта, ниту гас – Нивните акции на берзата веднаш изгореа
Акциите на јапонските компании Mitsui и Mitsubishi паднаа откако поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и се закани на Јапонија дека нема да има руска нафта или гас.
Mitsui и Mitsubishi се акционери во проектот Сахалин-2 за течен природен гас (ТНГ).
Акциите на Mitsui паднаа за 5,7 отсто, а Mitsubishi за 5,4 отсто до пладневната пауза на денешното тргување на берзата во Токио, пренесува Reuters.
Јапонија „нема да има ниту нафта, ниту гас од Русија , ниту учество во проектот ТПГ Сахалин-2“, напиша Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, во вторникот на социјалните мрежи.
Неговата порака беше реакција на претходната изјава на јапонскиот премиер Фуми Кишида, кој минатиот викенд рече дека земјите од Групата седум (Г7) се согласиле да ја ограничат цената на руската нафта на половина од сегашното ниво.
Лидерите на Г7 минатата недела се согласија да ја истражат можноста за забрана на транспортот на руската нафта што ќе се продава над одредена цена во обид да ги намалат приходите на Москва од извозот на енергија и да ги исцрпат нејзините средства за финансирање на војната во Украина, но не споменаа специфична бројка за ограничувањето на цената, додаде тој.