СПОДЕЛЕТЕ! Фатени живи! Членови на СДСМ носеле фантомки и молотови коктели?

Вчера со братот Igor пред сообрание, случајно се најдовме до Ивица Боцевски, кој пак беше во скачка со една поголема група од 10 (можеби и повеќе) кој носеа фантомки. Ивица културно побара да ги извадат фантомките но лицата почнаа агресивно да враќаат и беа спремни физички да се пресметаат. Ситуацијата ескалираше и траеше повеќе од 2 мин, каде да не беа нашиве што протестираа околу Ивица, ќе настрадаше самиот бидејќи групата упорно не сакаа да им се видат лицата и одбиваа на наредбите на граѓаните кои се префрлија на страна на Ивица.
Е сеа, такви групи имаше многу повеќе во цела толпа и таква слична група влезе да мава по џандари (бев напред видов) слична таква маскирана група која беше уфрлена низ нашите со фантомки е крива за повредените џандари, уфрлена за да прават срања какви што видовте вчера на телевизија. Немојте да паѓате на спинови од партии, бидејќи 50000 народ бевме вчера, ниту сте слепи, ниту сте глупи, за да не приметите што ви се случува пред нос, гневни сте знам, револтирани, протестирате мирно и достоинствено, а некој ве прави будала. Но Дами и Господа моравте да бидете спремни на ова, борбата е таква, и стварно не знам што очекувавте, дека ќе биде лесно, дека ова е кур играње, и дека ќе не послушаат? Дечки ова е секојдневна борба, чим до сега не не послушаа и не го одбија предлогот значи дека се спремни да одат до крај, тој крај е поплочен со тешки говна што ќе ни ги приредат. Да не заборавиме дека имаме работа со махери, кој дојдоа на власт со секој ден тепање џандари, палење контејнери, кречеа како Кирца и Ачко во “Викенд На Мртовци”, 3 месеци се бавеа со куртони во боја, вадеа посмртни слики, палеа канцеларии, спиеа по улици, кршеа институции и не ме зачудува сега што пуштаат инсајдери у толпа да прави неред. Бидејќи тоа го сакаат, да ескалира ситуација за да можат да ни пуштат топови, да апсат и маваат со пендреци и да тргнат на нас.
Но не ми паѓајте драги мои, 50000 не има секој ден, 50000 искрени граѓани кои плачат на химната од болка, без политички партии, без политички идеали да донесеме некој на власт, туку сме на една ебана мисија, а таа е да падне актуелната власт бидејќи не сакаат да го одбијат францускиот предлог и сакаат да не осакатат за век и векова!
Бидете горди на тоа, бидејќи јас сум горд на вас и се додека не има олкав број на улица, МАКЕДОНИЈА Е ЖИВА, АСНОМ ЖИВ И АПСОЛУТНО НИШТО НЕ НИ МОЖАТ, бидејќи сите тие доаѓаат и си одат, а ние сме едниствената константа која е непроменлива во емоциите кога се работи за татковината. Ве љубам што сте такви! ❤️🇲🇰
Се гледаме во 19:00h
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа