Братот на директорот на „Комунална хигиена“ од Алијанса се обидел да го убие Мицковски?

119

Братот на в.д. директорот на комунална хигиена од Алијанса за Албанците (АА), Зуди Енузи Кока – Цуфи, пукал во демонстрантите кои денеска поминуваа покрај старата скопска чаршија, дознава Фокус неофицијално.

Од МВР за Фокус целат дека против лицето кое пукало ќе биде поднесена пријава.

-Вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменот Скендербег, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата на Република Северна Македонија кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани.

Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР за Фокус.

Инцидентот се случи во близина на плоштадот Скендербег.

Помала група почна да гаѓа со тврди предмети кон демонстрантите, а еден од нив покажа и пиштол. Потоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека тој човек сакал да го убие.