Протестот излезе од контрола власта на СДС и ДУИ апси демонстранти се слушаат пукотници

71

Специјалната полиција ги растера демонстрантите кои се најдоа пред Собрание и приведе дел од нив.

Приведени се неколкумина демонстранти, претежно млади момчиња кои беа со качулки на глава и фрлаа кон специјалците со се што им се најде при рака.



Присутните на протестот фрлаат со предмети кон полицајците и бараат да ги ослободат демонстрантите.





Бројот на полициски сили се зголемува од минута во минута, а некои од нив имаат и полициски кучиња.

Претходно неколку полицајци беа повредени и беа пренесени во болница со амбулантно возило.