Ројтерс: ЕУ е исплашена од евентуалната воена интервенција на Русија во Литванија и освојувањето на коридорот

123

Како што пренесува Ројтерс, повикувајќи се на свои информирани извори, Европската унија се обидува да најде компромисно решение со Литванија за да може Русија да ја нормализира трговијата преку Калининград и да го врати транзитот на стоки низ нејзината територија.

Според истите неименувани извори, Брисел стравува дека во спротивно тоа може да доведе до дополнителна ескалација на тензиите и да ја принуди Москва воено да го окупира копнениот коридор до регионот Калининград, се наведува во написот.

 

Европската унија е блиску до постигнување компромисен договор со Литванија со цел да не ескалира натамошна конфронтација со Русија околу Калининградската област, јавува Ројтерс, повикувајќи се на неименувани „информирани извори“.

Според нив, доколку овие преговори бидат успешни, тогаш за неколку дена може да се нормализира трговијата преку Калининград и транзитот на стоки низ територијата на Литванија, се наведува во написот.

Калининград е отсечен од континентална Русија и се потпира на железнички и патни резерви, а патиштата до него минуваат низ Литванија, потсетува Ројтерс.

Неодамнешната одлука на Вилнус да го забрани товарот како дел од новите санкции ја налути Москва – а Брисел стравува дека тоа може да доведе до сериозна одмазда. Затоа, тој бара компромис со Литванија за да може Русија да продолжи со нормалниот премин, се објаснува во написот.

Европските власти во моментов преговараат со Вилнус за укинување на неодамнешните ограничувања на Литванија, со надеж дека ќе постигнат договор до почетокот на јули. Извори блиски до дискусиите изјавија за Ројтерс под услов да останат анонимни.