Путин ги патосира на купче лидерите на Г7: Недај боже вие да се соблечете тоа би било одвратна глетка ќе повраќа светот

338

Рускиот претседател Владимир Путин ги коментираше шегите што ги правеа лидерите на Г7 на негова сметка за време на самитот во Германија. Тие се шегуваа на сметка на неговото соблекување во различни прилики.

Лидерите на најмоќните земји во светот се потсмеваа на Путин, прашувајќи се меѓусебно дали и тие треба да се соблечат како рускиот претседател.

На тоа вечерва сосема директно одговори Путин.

„ Не знам како сакаа да се соблечат, до половината или под половината, но мислам дека тоа би била одвратна глетка“ рече Путин, пренесува РИА.

Претседателот на Русија рече дека се согласува со зборовите на поетот Александар Пушкин „дека можеш да бидеш разумна личност и да размислуваш за убавината на ноктите“.

„ Се согласувам со тоа. Сè на човекот треба да биде хармонично, и душата и телото. Но, за се да биде хармонично, треба да се откажете од прекумерното консумирање алкохол и другите лоши навики, да се занимавате со вежбање за телото и спортување“ објасни Путин.

Рускиот претседател истакна и дека ова не е најдобриот период на односите меѓу Русија и земјите од Г7.

„ Сите мои колеги ги познавам лично. Сите тие се лидери, имаат карактер. Ако сакаат, можат да го постигнат потребниот успех, но треба да работат на себе“ рече Путин.