“НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ!” Финскиот генерал откри дека неговата земја со децении се подготвувала за војна со Русија!

Како што вели, ќе им пружи силен отпор на Русите во случај на војна

Финска се подготвува за руски напад со децении и би пружила силен отпор доколку тоа се случи , изјави неодамна врховниот командант на воените сили на земјата.

Скандинавската земја изгради голем арсенал. Но, освен воената опрема, генералот Тимо Кивинен вели дека клучниот фактор е тоа што во случај на напад, Финците би биле мотивирани да се борат.

– Најважната линија на одбрана е онаа меѓу ушите, што докажува војната во Украина – изјави Кивинен во интервјуто.

финска војска

финска војска
Фото: Profimedia
Финска двапати се бореше против Русија

Во 1940-тите, Финска двапати се бореше против својот источен сосед, со кого ја дели границата долга 1.300 километри. Загрижена дека Русија би можела да нападне како Украина на 24 февруари, неутралната Финска поднесе барање за членство во НАТО.

финска војска

финска војска
Фото: Profimedia

Од Втората светска војна, Хелсинки е на високо ниво на воена готовност.

– Систематски ја развивме нашата воена одбрана за овој тип на војна што се случува во Украина, со масовна употреба на огнена моќ, вооружени и воздушни сили – рече Кивинен.

– Украина е тешка задача (за Русија), а тоа би била и Финска – рече тој.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа