ВМРО ДПМНЕ: Нема ништо ново со францускиот предлог! Овој пат нема да најдат нови Муковски и Канчевска

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека 99 отсто ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбие предлогот кој денеска стигна од Франција

-Да оставам еден процент простор дека нашите информации не се точни, дека Радев и Петков станале пацифисти и предлогот е добар. Но, 99 отсто е дека предлогот ќе биде одбиен од ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски.

Тој порача дека доколку бил добар предлогот, тогаш премиерот Димитар Ковачевски и целата Влада ќе славеле.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа