ИЗВРШЕН НАПАД НА ЛИСИЧАНСК: Русите напредуваат во јужните предградија, Украинците масовно бегаат кон Киев (ФОТО/ВИДЕО)

120
Руските сили напаѓаат во правец на Лисичанск, особено јужните предградија и нафтената рафинерија, соопшти утринава Генералштабот на Украина.





Се наведува дека руските војници, освен минофрлачи и топови, извршиле и воздушни напади во областите на одредени населени места, пренесува Интерфакс Украина.

Се додава дека руските сили извршуваат напади во правец на Харков и Славјанск и дека главните напори се насочени кон продолжување на офанзивата во правец Изум – Славјанск.

Украинските воени групи се обидуваат да го напуштат Лисичанск, изјави денеска амбасадорот на самопрогласената Луганска народна република во Русија, Родион Мирошник.