СЕВЕРЕН ДОНЕЦК ПАДНА! Објави градоначалникот – Руските сили го контролираат целиот град!

114
За управител на ова стратешко место го назначија нивниот командант





Градоначалникот на Северодонецк изјави дека руските сили целосно го окупирале овој стратешки важен град во источна Украина по неколку недели бомбардирање.

– Градот сега е под целосна контрола на Русија. Тие сега се обидуваат да го воспостават својот поредок и го поставија својот командант – рече градоначалникот на Северодонецк, Олександр Стрјук .

Северодонецк, Украина

Северодонецк, Украина
Фото: Liveuamap/Printscreen

Претходно во текот на денот тој објави дека украинските сили речиси го напуштиле овој стратешки град, за кој веќе неколку недели се водат тешки борби.

Во таа прилика тој не прецизираше дали има целосно повлекување или само делумно движење на силите подлабоко на територијата на Украина.