НОВ БРИФИНГ НА ГЕНЕРАЛ КОНАШЕНКОВ: За 24 часа загинаа повеќе од 780 украински војници и тоа не е се (ВИДЕО)
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во последните 24 часа од руските воени операции на територијата на Украина загинале повеќе од 780 украински војници .
Руската авијација, ракетните единици и артилерија елиминирале повеќе од 780 украински војници во последните 24 часа, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.
Повеќе од 300 украински војници и странски платеници и 35 парчиња тешко оружје се елиминирани со прецизни удари кај Николаев, прецизира Конашенков, пренесува ТАС С.
– Од почетокот на специјалната воена операција, руските вооружени сили елиминираа 213 украински авиони, 1.355 беспилотни летала, 3.797 оклопни возила и 670 повеќецевни ракетни системи – наведе тој, пренесува руската агенција.