Макрон: Нека не се губи надеж! Ќе ги убедам северномакедонците

Според претседателот на Франција Емануел Макрон, работите се блиску до решение на прашањето за деблокада на македонскиот евроинтеграциски процес. Тој во Брисел по Самитот на ЕУ изјави: Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања, зашто францускиот предлог е компатибилен со тоа што Македонија може да го направи. Макрон очекува како ќе се изјасни бугарското Собрание и потоа разговор со „Северномакедонците“.

„Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и кој е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба. Во следните часови ќе има гласање на бугарскиот парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, рече Макрон.

Тој нагласи дека со „Северномакедонците” во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.

Макрон посебно ја истакна, како што рече, храброста на поранешниот премиер Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата.

За Бугарија оцени дека „една земја членка со задоцнување побара промени“ и оцени дека „ЕУ не може да се преправа дека тие бараања не постојат“.

Францускиот претседател истакна дека има политичка криза во Бугарија, но и го пофали премиерот Кирил Петков за, како што оцени, неговата политичка храброст.

Во Брисел, на заедничка прес-конференција со лидерите на Србија и Албанија,македонскиот премиер Димитар Ковачевски го одби предлогот на Франција за преговарачката рамка и рече дека „само договор кој ги почитува црвените линии на државата може да биде прифатен“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа