– Јас, Edi Rama и Aleksandar Vučić денес донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека С. Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина. Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан, пишува Ковачевски кој заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се во Брисел каде што ќе учествуваат на самитот на ЕУ Западен Балкан во Брисел.
Тој подвлече дека тројцата лидери на самитот заеднички ќе ги повторат нивните ставови за процесот на евроингтеграциите на регионот.
-Доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе е сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот. Нашите ставови на оваа тема ќе ги пренесеме заеднички, на самитот на ЕУ за Западен Балкан, во широк форум, во центарот на европската дипломатија, наведува Ковачевски.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ потврди исто така дека денеска, по детални и сеопфатени консултации со соработниците и членовите на владите, лидерите на трите земји одлучија заедно да одат на самитот, договорувајќи ги принципите кои ќе бидат главниот столб на разговорите со бројни претставници на ЕУ, се наведува во соопштенеито на Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ.