Американските платеници заробени во Украина не можат да сметаат на заштитата од Женевската конвенција, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за телевизијата „НБСН“.
„Не би сакал да навлегувам во објаснувања за правната страна на нивното апсење. Едно е јасно – тие направиле злосторства. Тие не се војници на украинската армија. За нив не важи Женевската конвенција“, објасни Песков.
Тој посочи дека двајцата заробени Американци треба да одговараат за извршените злосторства.
„Тие се платеници, беа вклучени во нелегални активности на територијата на Украина, пукаа во нашите војници, им го загрозија животот. Тие мора да одговараат за своите злосторства“, истакна Песков, додавајќи дека руските власти и властите на републиките во Донбас треба да ги истражат злосторствата на платениците од САД.
Претходно британскиот весник „Дејли телеграф“ објави дека двајца Американци се заробени во Украина. Шефот на прес-службата на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека администрацијата во Вашингтон била информирана од веста дека Американец отпатувал во Украина за да учествува во борбите, а неговата судбина засега не е позната.
Почитувани читатели, на нашиот Telegram канал можете да ги следите нашите најдобри вести како и оние кои не ги објавуваме на други мрежи поради специфична содржина