РУСИЈА ѝ ДАВА УЛТИМАТУМ НА ЛИТВАНИЈА од неколку дена: Доколку Вилнус не ја укине блокадата на Калининград, Москва ќе го ќе дејствува воено
– Русија го задржува правото да дејствува во заштита на своите интереси доколку Литванија не ја укине забраната за транспорт на стоки во блиска иднина – соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА Новости.
На 20 јуни, Министерството за надворешни работи на Русија го покани вршителот на должноста на Литванија, Вирџинија Умбрасена .
– Во врска со ова, беше најавено дека доколку во блиска иднина транзитот на товар меѓу Калининградската област и остатокот од Руската Федерација преку Литванија не биде целосно обновен, Русија го задржува правото да преземе мерки за заштита на своите национални интереси – се вели во соопштението.
Забраната воведена од Литванија за транзит на стоки во руската област Калининград е без преседан и незаконска, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков .
– Оваа одлука е навистина без преседан. Таа ги крши сите можни правила. Разбираме дека тоа произлегува од одлуката на Европската унија да ги прошири санкциите за транзитот на стоки. Сепак, сметаме дека тоа е незаконско – истакна Песков, пренесува ТАСС.