Сметам дека партијата СДСМ која некогаш беше партија на интелектуалци, доктори, правници, економисти, еминентни имиња во државава ќе се огради од ваквите ниски, долни наслови и текстови на извесниот новинар Ивановски.
Иако знаеме дека задкулисно, СДСМ испраќа нарачани текстови до истиот новинар, крајно ниски се ваквите текстови.
Тоа што Аделина Тахири присуствувала на протестот е нејзина лична побуна, порив и сметала дека треба да излезе.
Како жена сум згрозена од вакви наслови и барам СДСМ да излезе со соопштение за извинување.
Била ,,старлета и спонзоруша,,?! Според кој критериум една жена се декларира, карактеризира како ,,старлета и спонзоруша,,?! Веројатно господинот новинар, има/поседува таква квалификација.
Не знам каде се оние со #СоНејзеСме, да оние кои постираа по десетина статуси на ден за Славјанка?! Не знам што е разликата помеѓу Аделина и Славјанка?! И двете се жени и двете се деградирани и омаловажувани.
Да, бев против омаловажувањето на Славјанка, и сега сум против омаловажувањето на Аделина.
Имено, Мицкоски никого не донел, ниту поседува моќ да донесе некого.
Секој што дошол, дошол поради лична побуда. Сигурно Мицкоски и мене, и сличните на мене, ни се јави за да мораме да дојдеме. Ова со огромна доза на иронија.
Не знам каков е ставот на Аделина, јас на нејзино место, ќе ја превртам Македонија, ќе му извадам документи, и ќе го натерам да ми плаќа оштета до последен денар. Никој, ама буквално никој нема патентирано право да те омаловажува. Да, Балканци сме, простотилок, па секоја убава жена, жена која посветува внимание на себе си, мора да е спонзоруша, курва, старлета, и не знам уште какви не погрдни имиња. Е сега, вистинската нели жена, треба да труе на кромид, на запршка, таа нема право да се занимава со музика, менаџмент, право, таа треба да пере, пегла, ние садови, готви…Сигурно ваков профил на жена имал и извесниот новинар, па се што е надвор од овие рамки мора да биде спонзоруша.
Истите оние кои беа за ,,Едно општество за сите,, сега се расфрлаат со ,,Успеа да донесе само еден Албанец,,! Покрај тоа што текстот е со многу правописни грешки, не е Албанец, туку Албанка, втората навреда е за поделба на општеството. Нели СДСМ беше партија која подеднакво почитуваше: Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи?!
Во секој случај одвратно.
Во името на сите жени, барам извесниот новинар да се извини и да го тргне текстот.
20
12 Comments
Like
Comment
Share
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?